Унапредување на врските помеѓу глобалната македонска заедница и бизнисот во Македонија и презентација на македонските инвестициски потенцијали пред претставниците на македонската дијаспора и останатите потенцијални инвеститори. Ова е целта на Глобалниот инвестициски самит за Македонија 2012 (МГИС 2012) што ќе се одржи во Охрид од 18 до 21 октомври под мотото „Нови можности: Преку бизнис дијаспората до зголемена трговија, инвестиции и економски раст“. Настанот го организира невладината организација „Македонија 2025“, која е основана во 2007 година во Индијана од страна на угледни членови на македонската дијаспора предводена од Мајк Зафировски. Во организацијата членуваат и познати и успешни бизнисмени од Македонија.
Унапредување на врските помеѓу глобалната македонска заедница и бизнисот во Македонија и презентација на македонските инвестициски потенцијали пред претставниците на македонската дијаспора и останатите потенцијални инвеститори.
Ова е целта на Глобалниот инвестициски самит за Македонија 2012 (МГИС 2012) што ќе се одржи во Охрид од 18 до 21 октомври под мотото „Нови можности: Преку бизнис дијаспората до зголемена трговија, инвестиции и економски раст“.
Настанот го организира невладината организација „Македонија 2025“, која е основана во 2007 година во Индијана од страна на угледни членови на македонската дијаспора предводена од Мајк Зафировски. Во организацијата членуваат и познати и успешни бизнисмени од Македонија.
Поддршка и учество на самитот најави премиерот Никола Груевски со целиот владин економски совет, а обраќање се очекува да има и претседателот на државата, Ѓорге Иванов.
Над 40 панелисти, истакнати професионалци од сферата на економијата ќе учествуваат на шест панели, а посетителите на Самитот ќе имаат можност лично да се сретнат и да разменат искуства и идеи со истакнати имиња од Македонија и од дијаспората.
Претседателот на МГИС и член на одборот на директорите на „Македонија 2025“ Зоран Мартиновски на денешната прес конференција изјави дека целта на претстојниот самит е да се зајакнат мостовите помеѓу бизнисот во Македонија и Македонците ширум светот.
„На самитот ќе бидат презентирани можностите за водење бизнис и инвестирање во Македонија, а пред дијаспората ќе бидат презентирани извозните потенцијали на Македонија и ќе бидат претставени успешни бизнис модели со цел да се мотивираат слични потфати“, рече Мартиновски.
На пресконференцијата што во вторникот се одржа во Скопје како најава за претстојниот голем Самит, обраќање има и познатите домашни бизнисмени Минчо Јорданов од „Макстил“ и Живко Мукаетов од „Алкалоид“, кои се дел од „Македонија 2025“.
Притоа Јорданов нагласи дека Македонија со векови е печалбарска земја и оцени дека е потребна иницијатива за да се зајакне мостот и соработката помеѓу дијаспората и македонското општество.
„Особено во сфера на економска криза, потребата од трансфер на знаење е поврзана токму со земјите каде нашата дијаспора е присутна. Оваа соработка, овој мост што сакаме да го зајакнеме може да отвори еден трансфер на знаење и нови технологии кои драматично може да ја зголемат конкурентноста и присуството на македонското стопанство на надворешните пазари“, рече Јорданов.
Тој констатираше дека малку се знае за Македонија на економски план и е нужна нејзина афирмација во тој поглед.
Сличен став изнесе и Мукаетов, кој нагласи дека Македонија има потреба од увоз на знаење и технологија, но им и потреба од размена на информации и колекции на странските пазари.
Македонија имам многу потенцијални интересни производи, многу потенцијални брендови и за тоа да се етаблира надвор потребна е технолошка надградба, но и што е многу важно, потребни се конктакти за да можеме да се позиционираме на странските пазари“, рече Мукаетов, изразувајќи оптимизам дека токму претставниците на македонската дијаспора можат да помогнат во остварувањето на потребните контакти.
Заклучоците кои ќе произлезат од Самитот во Охрид ќе содржат препораки и очекувања од врвните бизнис лидери од Македонија и дијаспората чија цел ќе биде да се поддржат, поттикнат и унапредат напорите за инвестирање во Македонија.